Во изминатите 24 часа најмногу дожд 14 л/м2 наврнаа во Охрид, 12 Битола, Кавадарци, Тополчани, 11 Демир Капија, Крушево, Претор, 10 Маврови Анови, 9 Берово, 8 Лазарополе, Попова Шапка, 7 Штип, 5 виница, Пожаране, 3 Велес, Гевгелија, Тетово, 2 Скопје-Петровец, Куманово, 1 струмица, Крива Паланка.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Битола до 20 степени.












