Утрово 0 степени во Лазарополе, 1 Битола, Крива Паланка, Берово, 2 Охрид, Струмица, Попова Шапка, 3 Прилеп, Маврови Анови, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Претор, Крушево, 5 Тетово, Виница, Дебар, 7 Скопје-Зајчев Рид, 8 Дојран, 9 Демир Капија, 10 Гевгелија.
Во текот на ноќта беше променливо облачно. Утрово преовладува значително облачно време, а во западните деови има намалена облачност. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денеска променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена. Во Битола до 22 степена.












