Египетските археолози открија позлатена мумија запечатена во саркофаг кој не бил отворен 4300 години. Се верува дека ова е една од најстарите и најкомплетни некралски мумии досега пронајдени во Египет.

Таа е пронајдена на дното на 15-метарско окно на гробното место Сакара јужно од Каиро, заедно со уште три гробници.

Археолозите велат дека сите откритија потекнуваат од периодот меѓу 25 и 22 век пред нашата ера.
Археолозите откриле станбени објекти, кули и простории кои ги опишуваат како „работилници на метали“ со лончиња, алатки и римски кованици.












