ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара.

Некои учесници на протестот нападнаа полицајци, а во Анкара полицаец беше повреден во напад на маскирани лица. Полицијата пукаше со гумени куршуми кон демонстрантите, јави ТРТ Хабер.

Организатор на протестите е главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Имамоглу од притвор ги повика турските граѓани да одржат масовни демонстрации низ целата земја бидејќи е принуден во затвор да чека да почне неговото судење.

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Имамоглу е сменет од функцијата откако бил уапсен под обвинение за корупција и тероризам.