Денеска уште еден протест пред зградата на Општина Битола, против изградбата на регионална депонија, сега во време кога во салата на Советот се одржуваше редовна седница. Неколку граѓани беа во галеријата во салата каде што се оджуваше седницата.

„Сакавме да бидеме присутни вака на една од седниците на советниците. Направивме едни налепници стоп за депонија. Значи овие протести се мирни, помирни протести немало никогаш. Не сме ние ниту против партија, ниту политички е обоено ова, едноставно се работи за здравјето на сите битолчани, без разлика на генерациите дали млади или стари.

Значи многу е битно, многу е важно, ова е страшно нешто што тие мислат да го направат во Битола. Депонија мора да има, ние не сме против депонија, оти мора некаде да се фрла ѓубрето, но да биде дислоцирана на некое место, надвор од населено место и далеку од плодно земјиште“ рече во изјава за медиумите Зоран Лазаровски.

Рече дека ангажирале и адвокати за се да биде законски, за собирање на потписи за да се оди на референдум, за самите граѓани да си одлучат дали сакаат да имаат депонија или не сакаат во толкава опасна близина, кажа Лазаровски.












