Рускиот претседател Владимир Путин бил на обука на мобилизираните војници на полигонот Рјазан и пукал од снајпер.
Путин во четвртокот го слушнал извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за мобилизираната борбена обука.

Првиот човек на Русија решил да им покаже на останатите како се пука со снајпер.
Секој од мобилизираните руски граѓани, за време на обуката ќе добие по најмалку 600 парчиња муниција и пет гранати, објави руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека обуката на мобилизираните руски граѓани се одржува со зголемен интензитет.
Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека мобилизираните ќе бидат испратени во зоната за специјални операции по борбена координација и само заедно со единиците кои веќе учествуваат во борбените дејства.












