ТЕРА

REKLAMA???

ПУТИН НАРЕДИЛ ДЕЛУМНА МОБИЛИЗАЦИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање рече дека наредил делумна мобилизација во земјата која стартува денеска.

„Ќе ги искористиме сите ресурси за да го одбраниме нашиот народ. Западот ги премина сите граници на неговата агресија врз Русија“, рече Путин, наведувајќи дека неговата цел е да го „ослободи“ источно украинскиот регион Донбас и оти повеќето луѓе во тој регион не сакаат да се вратат на она што го нарече „јарем“ на Украина.

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.     Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални.