Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека продолжувањето на санкциите против Русија може да доведе до катастрофални поскапувања на енергијата за европските домаќинства, пишува Радио Слободна Европа.
„Знаеме дека Европејците се обидуваат да ги заменат руските енергетски ресурси. Сепак, очекуваме резултатот од ваквите акции да биде зголемување на цената на бензинот и зголемување на цената на енергетските ресурси за крајните потрошувачи“, рече Путин за време на видео средба со високи функционери.
Путин вели дека ситуацијата во рускиот сектор за гориво и енергија останува стабилна и тврди дека санкциите предизвикуваат многу поголема штета на земјите што ги воведуваат, отколку на Русија.
„Понатамошната употреба на санкции може да доведе до уште потешки, катастрофални последици на глобалниот енергетски пазар“, рече тој.












