Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп , по втор пат ќе се реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта.
-Како искуство и позитивен исход од првата релизирана работилница во 2025 година решивме да го продолжиме проектот по втор пат, и со тоа да ја поттикнеме мотивацијата, креацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, и се одлучивме на работилницата да учествуваат 15 млади. Практично младите ќе научат како се создава мозаик вели Марјан Стојаноски, координатор на проектот.













