ТЕРА

REKLAMA???

РАЗГОВОР СО ПРОДУЦЕНТОТ ТОМИ САЛКОВСКИ

Филмот Хомо на режисерот Игор Иванов Изи беше прикажан на 8.издание на филмскиот фестивал Балканска панорама во Измир, Турција и беше во официјална конкуренција за наградата Жолт чадор.

На фестивалот актерката од филмот Наташа Петровиќ, ја доби наградата за најдобра женска актерка.

По националната премиера, Хомо ја имаше својата светска премиера на фестивалот во Гоа,во Индија а потоа и на серија фестивали на американскиот континент.

Филмот е во продукција на „Скопје филм студио“ и е дел од широка копродукција со Косово, Бугарија и Хрватска.

Ко-продуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија).

Во разговорот за Тера телевизија продуцентот изјави дека е задоволен од проекцијата на фестивалот во Турција.

За копродукциите меѓу балканските држави Салковски истакнува:

„Кога повеќе држави ти даваат признание дека филмот поминал на нивни конкурси и комисии, тоа е признание дека има потенцијал тој проект.Овој филм е копродукција од 5 држави. Од друга страна знаеме дека филмскиот проект ќе доживее дистрибуција и ќе го видат сите тие луѓе. Ние од малите кинематографии од балканските простори имаме проблем со дистрибуцијата на филмовите. Со копродукцијата имаме мешање на цела таа екипа од балканските држави, и со самото тоа ние сите растеме, учиме еден од друг и сите одиме напред, тоа е таа балканска култура“.

Oваа продукциската куќа на долгометражниот филм „ХOMO“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со Јавната Медиумска Групација од САД (Public Media Group of Southern California) за дистрибуција на филмот за американскиот пазар. Со овој договорот, “Public Media Group“ се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми. Во рамки на оваа Групација, филмот ќе биде достапен на територијата на САД на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV). Со потпишувањето на овој договор, македонскиот игран филм “ХОМО“ станува достапен за гледачите во Соединетите Американски Држави (САД).

https://youtu.be/PYnPjJNN0_Q