ТЕРА

REKLAMA???

РАЗОЧАРУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: НЕМА ДОПОЛНИТЕЛЕН ЧАС ЕФТИНА СТРУЈА

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 до септември 2024 покажува дека до крајот на 2023 година не се очекуваат услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од годинава, најниските цени на струјата биле забележани од 12 до 16 часот, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакнува дека не се исполнети условите за дополнителни часови евтина струја.

„На пазарот, цените од 20 до 24 часот се значително повисоки. Ако сакаме да воведеме евтина тарифа, тоа би било од 12 до 16 часот, но тогаш ќе треба да ја укинеме евтината тарифа од 22 до 24 часот, кога цените се високи“, изјави Бислимоски. Регулаторите решија да не прават измени за да не ги нарушат навиките на потрошувачите.

Во меѓувреме, останува активна дневната евтина тарифа од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот, вклучувајќи и неделите. Бислимоски додава дека во случај на подобрување на условите на пазарот, ќе се разгледа можноста за воведување дополнителни часови евтина струја.