ТЕРА

REKLAMA???

Расправата на денешната Комисија за финансии и буџет траеше само половина час

Пред утрешната шеста седница на Советот на Општина Битола, денеска заседаваше Комисијата за финансии и буџет. Но, денеска во салата на Советот се случи вистински куриозитет, комисиската расправа траеше само триесетина минути.

Ова за јавноста е невообичаено, бидејќи се случувало ваквите комисиски расправи да бидат маратонски и да предизвикаат поголеми дискусии меѓу советниците од власта и опозицијата.

Но, ваквата невообичаеност од друга страна го поставува прашањето, на  што се должи ваквото денешно кусо траење на комисиската расправа, пред утрешната седница на општинскиот Совет на која на Дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно 50 точки.

Инаку, на утрешната седница околу триесет точки на Дневниот ред  се однесуваат на одлуки за донесување урбанистичко планска документација за Карамани, Трн, Цапари, Крклино, Кукуречани, Буково, Секирани итн.

Советниците од владејачкото мнозинство и од опозицијата ќе ги вкрстат копјата и за Одлуките за проширување на општинскиот буџет за оваа  година, а  ќе дискутираат и за Општинскиот енергетски план за 2026 година,  за  Одлуките за прифаќање на Предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општините Охрид и Ресен како и за Одлуката за формирање Совет за женско претприемништво.

Како осма точка на Дневниот ред е поставена Одлуката за примање на донација скулптура Сончев часовник-спомен обележје од страна на Здружението АРХАМ од Битола, како и решение за давање согласност на Одлуката за измени на Ценовникот на Културно информативниот центар Битола.