ТЕРА

REKLAMA???

РЕАЛИЗИРАНИ НАД 400 НАСТАНИ СО 65 000 ПУБЛИКА

Повеќе од четиристотини културни и други јавни настани за само десет месеци работа минатата година се одржале во КИЦ во Битола, кои ги посетиле преку  шеесет и пет илјади посетители, рече на денешната пресконференција директорката на установата Лили Бошевска. Додаде дека на сценските простори на КИЦ Битола, во Офицерски дом и Кино Манаки, настапиле преку петстотини изведувачи од сите културни сегменти, како музичари, актери, поети, сликари, фотографери, мултимедијални артисти и др. Важно  е како што рече директорката да се напомене  и меѓународната активност со пет настани од меѓународен карактер во нивна продукција и иницијатива, при што промовирале седум нови сценски простори достапни за уметниците и публиката.

„Навистина е тешко да се издвојат настани одредени настани кои оставија особен впечаток врз публиката и културната јавност, бидејќи такви има и премногу. Бројките се навистина импозантни и зборуваат за една серизона динамика и културна политика и професионален капацитет на установата. Би ги издвоиле следните настани; Концерт „Македонисимо“ на Симон Трпчевски, Концерт ,,Стабат Матер” на Камерeн оркестар под покровителство на Општина Битола, Одбележување на светскиот ден на џез музиката со концерт на Сашо Поповски трио и изложба на Татјана Ранташа – Џезтетика, Градските приказни на КУД ИЛИНДЕН „Битола е градот“, “Св. Кирил и Методиј” на Театарската школа “Бабец” и КИЦ, V Меѓународен фестивал на кларинет и саксофон „СаксКлар“2022, „Пијано фест“ 2022, “Веселите жени од Виндзор”- Шекспир фестивал, Хармониките фестивал, „Бит фест“ Концерт на Профундус – камерен оркестар, Ревијална вечер на серенада „Ех, таа серенада“, Меѓународна ликовна изложба „Вернисаж ААМА 19“, Концерт на Дино Имери, Камерен ансамбл НОНЕТ+, „Зимска приказна“, Четврт Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, Изложба на македонски и италијански уметници „Mirror Face to Face“, Изложба – Атланти и Хипербореа на Владо Ѓоревски, СЕЕ филм фестивал, ИФФК Браќа Манаки – студентска програма, Битолска современа уметност – галериска поставка, Концертна Виенски инструментални солисти, Концерт на хорска музика – Хор „Триглав“ и многу други“, рече Лили Бошевска, директор на КИЦ-Битола

Oд реализирани четиристотини и шест настани , сто дваесет и три (123) се концерти, претежно на класична музика, седумнаесет изложби (17), дваесет и пет театарски претстави (25) сто и тринаесет кино проекции (113) и стотина други настани од мултимедија, литература и др.

КИЦ Битола е поддржан со  четири проекти од национален интерес од Министерство за култура од областа на ликовната уметност, интердисциплинарните уметности и меѓународна соработка,  а поддршката од Општина Битола, освен во институционалниот дел доаѓа и во поддршка на повеќе проекти. За проектите Министерството за култура им одбори 400 000 денари.

„ Тоа се проектите за мозаиците на академик Газанфер Бајрам- 50 години од неговото трворештво, изложба по повод 55 години од творештвото на Саку Нашоку, битолски ликовен уметник, проектот за македонскиот графичар Ѓорги Чулаковски- Џото чие семејство подари дел од неговите дела, а неговото творештво ќе биде инспирација поетите да творат и „Седум по седум“ изложба на македонски и канадски автори. За проектите Министерството за култура им одобри 400 000 денари.

Директорката истакна дека установата успешно работи, негува и создава културни вредности и финансиски е стабилна.

„Кога почнав како директор на сметката имаше 100 000 денари, а сега со сите платени обврски на сметката имаме 1 200 000 денари. Сето тоа е од комерцијалните настани во нашите објекти, културни настани кои се самофинансирани од уметници и аматери“, рече Бошевска.

На пресконференцијата беше соопштено дека установата доби согласност од Советот на општина Битола да формира Туристички информативен центар за туристичка промоција на Офицерски и Киното Манаки. Беше промовирана и новата веб страна на установата, а директорката го најави и новото списание за култура и уметност „Бели хоризонти“ во кое ќе бидат поместени теми од културата и уметноста.