ТЕРА

REKLAMA???

РЕГИОНАЛНА ЕНЕРГЕТСКА КООРДИНАЦИЈА ПРЕД СЛЕДНАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА

Енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

 Од ЕСМ информираат дека договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ како една од главните точки на состанокот, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји.