Се одржаа 26-те Регионални пензионерски спортски натпревари од третиот регион, на кои оваа година по трет пат домаќин беше Здружението на пензионери Демир Хисар.

„Повод за овој пензионерски спортски настан е да го славиме спортот и физичката активност, како еден од најважните столбови кои го крепат физичкото и психичкото здравје на сите, а особено на луѓето од третата доба“ беше речено на свеченото отворање.

Пред присутните се обрати претседателот на Здружението домаќин на овие натпревари, Кирило Блажевски, а пензионерите ги поздрави и градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски.

Како и секоја година и оваа, покровител на сите натпревари во 8-те Региони е Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија. За отворени ги прогласи претседателотот на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Илија Адамовски.

Ги одмерија силите во трчање спринт, фрлање ѓуле, домино, табла, пикадо, шутирање голови, слободни фрлања и стрелаштво.












