ТЕРА

REKLAMA???

РЕКОРДНА ИНФЛАЦИЈА ОД 12%

Индексот на трошоците на животот во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи зголемување од 11.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12.1 %.покажуваат податоците на Државниот завод за статистика,

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за 3.1 %, сирењето и урдата за 2.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7 %, свежото и разладеното овошје за 2.6 %, месото за 2.5 %, рибата и морските плодови за 2.3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1 %, пивото за 1.0 %, жестоките пијалаци за 0.5 % и виното за 0.3 %. 

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19.0 %, услугите за сместување за 7.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7.0 %, течните горива за домаќинствата за 5.8 %, туристичките аранжмани за 4.3 %, обувките за 3.3 %,, мебелот и покуќнината за 1.6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.5 %, велосипедите за 1.2 %, моторните возила за 1.1 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај воздухопловниот патнички транспорт за 10.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4 % и електричните апарати за лична хигиена за 1.2 %.

поред анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,3% во однос на предхониот месец март 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 17,0% . Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува  38 791,00 ден. и од  јануари 2022г ( 35 811.00 ден) е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32 %.

За само една година или од претходната 2021 година истиот месец мај кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.156,00 денари истата е зголемена за 4.635,00 денари односно 12,78%.

Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка  на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува  секој месец.