Откако пред неколку дена Националниот парк Галичица сподели видео од репродуктивниот центар за елени, тоа предизвика голем интерес во јавноста и ги стопли срцата на многумина. Заедно со поддршката, Националниот парк добив и бројни прашања: Како се грижат за елените? Дали имаат доволно храна? Дали се безбедни од ловџии?
Затоа, денес од Националниот парк низ фотографии од репродуктивниот центар прикажуваат како се одвива секојдневната грижа што ја вложуваат за елените.
„Нашиот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените. Резултатите зборуваат сами за себе: во 2019 година бројката изнесуваше околу 30 единки, а денес популацијата е зголемена на над 200 елени. Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.“-велат тие.
Репродуктивниот центар беше отворен во 2019 година со јасна цел – активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот. Овој пристап придонесува за здрави екосистеми, рамнотежа во природата и одржлива иднина за Галичица, велат од Националниот парк Галичица.
Ренџерот Лазе се грижи за елените во НП Галичица, од 30 единки се намножија 200 елени




















