ТЕРА

REKLAMA???

Ресенчанката Бетика на карневалот во Вевчани настапи како Огнената Кралица

Ресенчанката Бетика на карневалот во Вевчани настапи како Огнената Кралица. Таа беше вистинска атракција на карневалот кој заврши со традиционалното палење на маските. Вевчанци симболично го истераа злото и ја прочистија новата година. Вевчанскиот карневал е стар околу 15 века.


Ресенчанката Бетика Бети Котовчевска на карневалот настапи 15-та година по ред.

„Петнаесет години василичарка. Петнаесет зими, кругови, молитви и огнови. Со оган го затворам 15-тиот круг. Не како крај, туку како печат. Оган што не пали, туку чисти.
Оган што ги гори старите кожи, тишините, товарите што не биле мои. Со исправен грб и мирна душа. Сè што било тешко, го фрлив во пламенот. Сè што било лажно, се претвора во пепел. Овој оган е чистилиште. За мене. За родот. За патот што продолжува. Од пепелта излегувам полесна, побистра, посвета. Петнаесеттиот круг е затворен. Благословот останува.А јас чекорам понатаму со светлина во очите и оган што ме чува“-порача таа.

Фотографии: Маја Аркагиева