Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в недела на 18 ти јануари го започнува неговиот 78 ми настап на големите тениски натпревари.
Ѓоковиќ ќе игра во првото коло од грен слем турнирот „Австралија опен“ против Педро Мартинез, одлучи ждрепката во Мелбурн.
Се очекува лесна победа за Ѓоковиќ и пласман во второто коло, особено поради фактот што неговиот противник 28 годишниот Мартинез се наоѓа на 71 то место на АТП листата.
Тој минатата година дури на 64% од турнирите на коишто настапил, изгубил во првото коло, а Ѓоковиќ никогаш претходно не играл против него.
Српскиот тенисер е десеткратен шампион на овој Гренд Слем.
Новак Ѓоковиќ се смета за јасен фаворит во раните фази од турнирот, додека вистинските предизвици се очекуваат во втората недела.
Отвореното првенство на Австралија традиционално е турнирот каде нај трофејниот тенисер на светот ги бележи најдобрите резултати во својата кариера, па овојпат вниманието на тениската јавност ќе биде насочено кон неговиот прв настап на теренот и формата во која ќе го започне турнирот.
Ако стигне до полуфиналето на Отворениот турнир на Австралија, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ веројатно таму ќе се сретне со големиот Италијанец Јаник Синер, додека другиот проектиран полуфинален пар го сочинуваат Карлос Алкараз и Александар Зверев.













