ТЕРА

REKLAMA???

РИШИ СУНАК Е НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР

Новиот премиер на Велика Британија, Риши Сунак, денеска околу пладне треба и официјално да се „всели“ во Даунинг стрит 10 и да го почне својот мандат на функцијата, откако претходно ќе има аудиенција кај кралот, Чарлс Трети на која и формално ќе го добие мандатот за состав на новата британска влада.

Поранешниот британски министер за финансии ја доби поддршката од конзервативните пратеници за да ја наследи Лиз Трас како лидер на ториевците и ќе влезе во Даунинг стрит помалку од два месеци откако ја загуби последната трка.

Сунак ќе биде првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло, прв кој не е припадник на белата раса и најмладиот по повеќе од 200 години на 42-годишна возраст.