Од 1993 година, па до денес бевме први во многу нешта. ТЕРА е значајна приказна за историјата на Битола, но не само на нашиот град туку и на регионот. Ги поставивме темелите на модерната телевизија во Македонија. Создадовме емисии и содржини единствени по својот идентитет. Поместуваме граници, создаваме телевизиски проекти кои не само гледачите во Македонија, туку и во светот имаат можност да ги следат.
Тера е регионална телевизија, што значи освен битолската и публиката од овој пелагониски регион ја следат заедно со жителите на Прилеп, Демир Хисар, Кичево, Македонски брод и Крушево, а од 2014 нашата програма се емитува во Full HD сигнал.
Во продолжение ви ги пренесуваме роденденските честитки од Лили Бошевска-директорката на Културно информативниот центар-Битола, Маја Андоновска-Илиевски-актерката и директорка на Центарот за киултура во Битола, Сузана Турунџиева- поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка, Благојче Трајковски-кларинетист, од Благој Нацоски-оперски пејач, од Бобан Стајик-капитен на КК Пелистер, Димитар Михајловски-виолинист, Боби Христов-новинар и уредник во Телма, Игор Артанасоски-Харе -музичар и од Виктор Апостоловски-пејач.












