Роднините на убената Ајнет Вејсел бараат правда и одговорност по убиството кое пред извесно ја потресе Битола.
Општеството да обрне внимание на жените кои трпат насилство, но и да спроведе казни за сторителите.
Ова денес го порачаа двајца братучеди на убиената Ајнет Весел, Бекир Велсеј и Сенад Датуовски, заедно со Менан Вејсел, татко на младата жена која трагично го загуби животот.
Нивните барања ги поддржа и граѓанската активистка и советничка во советот на општина Битола Софија Ристевска Петрушева, која пред неколку дена застана рамо до рамо со своите сограѓани Роми кои излегоа на мирен протест против фемицидот.


















