ТЕРА

REKLAMA???

РУСИЈА ТЕСТИРАШЕ ПРОТИВБРОДСКИ РАКЕТИ

Руската морнарица истрела суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, објави руското Министерство за одбрана, пишува Радио Слободна Европа.

„Во водите на Јапонското Море, бродовите на Тихоокеанската флота истрелаа крстосувачки ракети „Москит“ врз лажна непријателска цел“, се вели во соопштението на профилот на Телеграм.

„Целта, која се наоѓа на оддалеченост од околу 100 километри, беше успешно погодена директно со две крстосувачки ракети Москит“.

Ракетата е суперсонична крстосувачка ракета со среден дострел од советско потекло, способна да уништува бродови на домет до 120 километри.

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио ќе остане на будност за воените операции на Москва, додавајќи дека не е забележана штета по лансирањето на ракетата.