ТЕРА

REKLAMA???

РУСКА ОФАНЗИВА ВО ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК

Украинската војска соопшти дека руските сили нападнале повеќе од 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск, каде што моментално се одвива најжестоката офанзива од почетокот на војната, која влезе во четвртиот месец.

Русија испрати илјадници војници во Донбас, кои напаѓаат од три страни во обид да ги окружат украинските сили кои сè уште ги држат соседните градови Северодоњецк и Лисичанск. Ако овие градови паднат, Русија ќе ја преземе контролата врз целиот Луганск, што е главната воена цел на Кремљ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските трупи во одделни делови во источна Украина се „бројно далеку надмоќни” во однос на украинската војска.

Според извештај на руската новинска агенција Тасс, сепаратистите во Луганск и Доњецк држат околу 8.000 украински воени заробеници, бројка за која не постои независна верификација.