ТЕРА

REKLAMA???

РУСКИТЕ СИЛИ ГО ОСВОИЛЕ ЛИСИЧАНСК

Советникот на претседателот Зеленски, Олексиј Арестович, призна дека Лисичанск e пред пад, што би им овозможило на руските сили да го контролираат целиот регион Луганск.

Проруските сепаратисти вчера кажаа дека Лисичанск е целосно опколен, што беше демантирано од Киев, а руските медиуми денеска објавија снимки од парадирањето на руските сили по улиците на градот.

Лисичанск е последниот голем град во регионот на Луганск кој беше под контрола на украинските сили. Минатата недела падна градот Северодоњецк, откако украинските сили се повлекоа за наводно подобро да го бранат Лисичанск.

Заземањето на Лисичанск ѝ овозможува на руската војска да напредува кон Словјанск и Крематорск, два други голами града во индустриската зона Донбас.

Во меѓувреме гувернерот на рускиот регион Белгород, кој се граничи со Украина во близина на градот Харков, изјави дека најмалку три лица се убиени, а бројни згради се оштетени во текот на ноќта во главниот град на регионот во, како што еден висок руски пратеник го нарече „директен чин на агресија од страна на на Украина“.

Во објава на Телеграм на 3 јули, гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека има бројни експлозии во Белгород, град со околу 400.000 жители на околу 40 километри северно од границата со Украина. Тој рече дека најмалку 11 станбени згради и 39 самостојни куќи биле оштетени или уништени во инцидентот во текот на ноќта.