Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека повлекувањето на руските трупи од северот на земјата е „бавно, но забележливо“.
Според него руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев, оставаaт мини во целата област.
„ Тие ја минираат целата територија. Минираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на убиените. Поставија многу жици и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.
Но, Зеленски ги предупреди Украинците дека ги очекуваат тешки битки на истокот од земјата, околу Донбас и Харков.
Тој соопшти дека повеќе од 3 000 луѓе се евакуирани од украинскиот пристанишен град Мариупол, кој е под опсада на руската армија.

Вкупно 6.266 луѓе се евакуирани вчера од украинските градови преку хуманитарни коридори, рече Кирил Тимошенко, заменик началник на кабинетот на претседателот на Украина.
Тој во онлајн соопштението наведе дека 3.071 лице го напуштиле опколениот град Мариупол, пренесе Ројтерс.













