Спортистотг на годината Ален Рустемовски е на прагот да освои европски медал . Најновиот негов успех е пласирањето во четвртфиналето од Европското сениорско првенство во бокс што се одржува во софија, бугарија.
Спортистот на годината на Битола за 2025 година Ален Рустемовски во категоријата до 60 килограми го совлада Англичанецот Вилијам Хјуит со 4:1, со што се пласираше меѓу најдобрите осум боксери во категоријата. Со тоа е на една победа од обезбедување медал. За победата доби и 150 рејтинг-поени. Претходно, во 1/16-финалето, Рустемовски го победи Беник Мелкумјан од Луксембург со 5:0.

Ова доаѓа само неколку недели откако битолчанецот Рустемовски освои злато на меѓународниот турнир „Мустафа Хајрулаховиќ – Талијан“ во Сараево, каде во финалето со 5:0 го совлада Јапонецот Харада Шудаи. На турнирот настапиле околу 120 боксери од 20 земји. А во август на Медитеранските игри во Таранто, Рустемовски обезбеди медал во категоријата до 60 килограми, откако во четвртфиналето со прекин во третата рунда го совлада Албанецот Ариол Зенели. Сите овие победи го носат чекор поблиску до Олимписките игри, за што општина Битола најави поддршка со 1 милион денари.
Следната борба на Русемовски во Софија е на 23 септември, кога во четвртфиналето ќе се соочи со Артур Базејан од Ерменија. Победа во овој меч би му донела најмалку бронзен медал, што според македонските спортски медиуми би бил најголемиот успех во неговата досегашна кариера.
фотографии: приватна архива










