ТЕРА

REKLAMA???

РУСУЈА РАСПОРЕДУВА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО БЕЛОРУСИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.

„Нема ништо невообичаено во ова: САД го прават тоа со децении. Тие веќе долго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на своите сојузници, рече Путин во интервју за руската телевизија.

Се договоривме да го сториме истото, додаде тој, велејќи дека има согласност од Минск.

„Веќе им помогнавме на нашите белоруски колеги и ги опремивме нивните авиони без да ги прекршиме меѓународните договори за неширење нуклеарно оружје. Десет авиони се подготвени да користат такво оружје“ рече Путин.

Според Путин, оваа одлука е поттикната од подготвеноста на Лондон да испрати оружје со осиромашен ураниум во Украина, за што неодамна разговараше британски функционер.

НАТО ја критикуваше Русија поради нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„НАТО е во состојба на готовност и внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија што би предизвикало да ја прилагодиме нашата“ изјави портпаролот на НАТО.

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН со цел да се спротивстави на руската „нуклеарна уцена”, откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе распореди никлеарно оружје во Белорусија.

„Украина очекува од Велика Британија, Кина, САД и Франција ефикасна акција за спротивставување на нуклеарната уцена од Кремљ”, пишува во соопштението од украинското Министерство за надворешни работи.