ТЕРА

REKLAMA???

САЛИ – НАБАВКАТА НА КВАЛИТЕТНИ ГЛУКОМЕТРИ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ

Пациентите со дијабетес се пожалија дека со месеци чекаат за да обезбедат глукометри и ленти за мерење на шеќерот. Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија бара промена на моделот за набавка на глукометри и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија. Тие реагираа дека немале одговор од Министерот за здравство подолг период. Министерот Сали пак додека беше во Битола изјави:

-Од самиот почеток кога дојдов како министер една од целуте ми беше креирање заеднички политики со сите чинители, секако здруженијата на граѓани и пациенти се многу значајни за креирање на тие политики. Но се соочив со една ситуација која е отежнувачка, за една дијагноза опстојат десетици здруженија, жалам што тоа здружение најави протест, не сум против тоа, вели Сали.

Тој вели дека имаат проблеми со набавките на глукометри кои биле наравени во минатото.

-При тендери се избира најевтината понуда, се нуди и најевтиниот производ кој не е секогаш е релевантен. Пациентите секој ден мерат гликемија и врз основа на тоа добиваат терапија. Имаме забелешки во делот на релевантноста на постоечките глукометри и заедно со претседателот на комитетот за гликемија работевме јавниот повик да биде во друга насока, цената да не биде детерминирачка, вели тој.

Тој потенцира дека неквалитетните производи даваат погрешна слика за сосотојбата на пациентот.

Инаку од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија бараат глукометрите и лентите да бидат тргнати од тендерска постапка за инсулин и да бидат достапни во сите аптеки со референтна цена.