ТЕРА

REKLAMA???

Само во Крушево и Витлеем Христовото раѓање вечерва најавено со уникатниот обичај Дева

Традиционалниот настан „Дева – во чест на Неговото раѓање“ се одржа во Крушево.
Само во Крушево и Витлеем Христовото раѓање се најавува на овој посебен и длабоко симболичен начин. Со ѕвезда и песна, во предвечерието на Божиќ, се носи радосната вест од дом до дом – традиција што со векови живее токму тука.
Вечерва, на Градскиот плоштад во Крушево во празнична атмосфера беа споделени посна трпеза и топли напитоци, а преку доброволни прилози се собираа средства за првото новородено дете, соопштија од општина Крушево.
Крушево вечерва дише со традицијата – момци со црвената ѕвезда и песна ја пренесуваат радосната вест за Христовото Рождество.
За многу години – Дева!