Битолски Водовод информира дека во текот на ноќта саниран е дефектот кој синоќа се појави во центарот на Битола, кај старата автобуска станица, поради што неколку часа имаше и прекин во снабдувањето со вода во овој регион.
„Синоќа на 25/7/2022 во 22:00 часот од страна на дежурните служби на ЈКП Водовод, пријавен е дефект на паркингот кај старата автобуска станица. Се работеше на поголем дефект на азбестна цевка Ф150 мм која е со должина од 50м на таа локација, при што беше загрозена и безбедноста на возила паркирани во непосредна близина. Екипите на ЈКП Водовод експресно реагираа и истиот беше саниран и во 2 часот се воспостави нормално водоснавдување и проток на сообраќај“ соопштија утрово од Водовод.




ЈКП Водовод замолувам за рационално користење на водата за пиење и да истата да не се злоупотребува.












