ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И ПРАЗНИЧНА ТРПЕЗА ЗА „ЦВЕТНИЦИ“

Денеска неделата посветена на Влегувањето на Спасителот Господ Исус Христос во Ерусалим, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, ерејот Александар Маргулевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ракоположи ѓаконот Александар Маргулевски.

По повод Цветници – Христовото свечено влегување во Ерусалим беше организирана празнична трпеза која ја благослови неговото високопреосвештенство господин Петар, нарекувајќи ја “трпеза на љубовта”.

“Денес радосно ликува нашиот прадедо Адам, го уништува првото проклетство и ги простира рацете заедно со Ева, воскреснувајќи во Господа…”

Благословен е Овој кој доаѓа во името Господово

Мир на Бога и слава во висините