ТЕРА

REKLAMA???

„СВЕТЛИНА ВО СВЕТЛИНА“ НОВА ПЕСНА НА ИВАНА КАРАЈАН

Македонската пејачка Ивана Карајан ја издаде најновата музичка нумера „Светлина во Светлина”.  Заедно со Иван Лозановски ги пишуваат музиката и текстот, додека Карајан е и изведувач на нумерата, која претставува божиќна порака и покана за внатрешна светлина, за мир и за добрина што може да ја носиме во себе преку целата година.

„Мојот мотив за оваа песна е благодатта што ни ја дава Бог, чувството на внатрешен мир и сигурност кога Го имаме Него во себе. Преку музиката сакав да потсетам дека со Бога животот има појасна насока а срцето станува потивко и посветло. Во време кога сме изгубени во брзината, во површните вредности и во недостигот од емпатија, за мене беше важно да се изговори една едноставна, но длабока вистина дека Бог не се менува и дека Неговата љубов и присутност се секогаш тука”, вели Карајан.

Нејзина желба е нумерата „Светлина во Светлина” да допре до луѓето тивко, но длабоко, да ги сплоти и да ги потсети на љубовта, почитта и духовноста како основа на секое здраво човечко постоење.

На крај, Карајан посакува оваа нумера да донесе мир, здравје, љубов, надеж на сите и да биде мал потсетник дека никогаш не сме сами. Бог е секогаш со нас!

Карајан досега ги има изведено нумерите Мит, Пролетни дождови и Подобро време, за кои пишува авторски текстови и музика.

youtube.com/watch?v=oWVahE110dI