ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТОСАВСКА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СВЕТИ САВА

Во Македонскиот народен театар во Скопје се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Македонија. На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски,присуствуваа заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за одбрана Милош Вучевиќ,министерката за одбрана на Македонија Славјанка Петровска,министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот на партијата Александар Николоски, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политички партии, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.

Претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и пратеник , Иван Стоилковиќ ја отвори свечената Светосавска академија.

„Сакам да се заблагодарам на претседатењлот на Србија Александар Вучиќ кој по петти пат е генерален покровител на оваа манифестација. Јас се надевам дека тоа ќе потрае, а за да потрае мораме да се потрудиме за секоја Светосавска академија да го подигнуваме нивото и квалитетот со програмата која ја нудиме, и на некој начин да таа традиција која ја постигнавмне веќе еве 16 години да ја продолжиме за идните гернерации“, изјави Стоилковиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски упати најсрдечни честитки по повод празникот Св. Сава, со желба за долговечно чествување.Да градиме пријателства, да градиме мир во нашите држави и во нашето соседство, а преку тоа да придонесуваме и кон мирот во светот, потенцираше Ковачевски.

„Одбележувањето на Св. Сава, националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности по кои духовниот и интелектуалниот творец на идејата за српската државотворност ќе остане запаметен во историјата на народите на овие простори.Валоризацијата на овие вредности и негувањето на почитта кон другите и почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство. Само така, обединети во различностите, можеме да одиме напред како општество, но и заеднички, како народи кои живеат во регион, преполн со предизвици. Еден таков голем предизвик беше корона кризата, кога Република Србија ни помогна со доставување на неопходните првични количини на вакцини во тоа време, за што сме искрено благодарни на српскиот народ што во такви тешки моменти ни подадоа рака и ни помогнаа да се справиме со кризата.Сега сме соочени со поинакви предизвици, кои, се надевам заеднички ќе ги надминеме преку заеднички иницијативи кои ќе ни отворат нови видици на патот кон Европската Унија. Такви видици сега се отвораат преку нашата заедничка иницијатива Отворен Балкан, која е политика на отворени врати.Нашите врати, вратите на Република Северна Македонија секогаш ќе бидат отворени за сите народи кои се пријателски, а еден од тие народи е и нашиот братски, српски народ“, изјави премиерот Ковачевски.

Сакајте ја Македонија исто колку што ја сакате Србија, им порача српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на Србите. Вучевиќ, во своето обраќање рече дека Свети Сава не припаѓа само на Србите, тој припаѓа на сите луѓе со добра волја, Свети Сава припаѓа на сите христијани, неговото дело е надвременско и денеска инспирира. Тој се осврна и на билатералните односи помеѓу двете земји и поврзаноста на соседските народи.

„Овај голем празник кој што го слават сите Срби и во матицата а и било каде каде што се зборува на српски со својата силна симболика не потсетува да бидеме силни, да бидеме подобри луѓе и одговорни граѓани. Да го чуваме сеќавањето на нашите славни претци и истовремено да градиме сигурна иднина за своите потомци. Да бидиме единствени и заедно, а денес само така треба да бидеме единствени и заедно. Да го негуваме српскиот јазик и кириличното писмо, да негуваме добри односи со своите комшии, да бидеме обединети во желбата за мирна и подобра иднина. Како што ја сакате Србија сакајтеа и почитувајтеа С.Македонија, и како што ја сакате и почитувате вашата држава Македонија, така сакајте ја својата матична Србија и како што говорите и треба да знаете македонски јазик и да пишувате македонско писмо, секаде и секогаш не заборавајте да говорите на српски јазик и да го знаете српското писмо“, изјави вицепремиерот Вучевиќ.

Пред присутните се обрати и советникот за внатрешна политика на српскиот член на Претседателството на БиХ Радован Ковачевиќ.

„Свети Сава се откажал од правата и привелегиите за да се посвети духовно и верски на животот. За да му се посвети на црквата и на самиот народ и тоа е најдобра порака за животот на секој од нас. Морам да потсетам дека неговата одлука да се посвети на таков начин на живеење, тогаш значеше занимавање со прашањата за образованието на народот, создавањето на јасниот идентитет на нашиот народ, уредувањето на државата но и грижа за здравјето на народот бидејќи не смее да се заборави дека токму Свети Сава во 1209 година во Студеница ја основа и првата болница на подрачјето на српската држава“,изјави Ковачевиќ.   

Одборот за доделување на признание и награди на Српската заедница во Македонија по повод одбележувањето на националниот празник на Србите , Свети Сава, традиционално, и оваа година ја додели „Светосавската повелба“. Годинава таа му беше доделена на претседателот на Р.Србија Александар Вучиќ. Во негово име ја прими српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Светосавска беседа одржа Драгослав Бокан, книжевник, колумнист, публицист.

Свечената академија беше збогатена со богато културно – уметничка програма преку која беше претставена културата и традицијата на српскиот народ.