Во организација на Заедницата на Срби во Македонија,традиционално се одржана свечена светосавска академија по повод српскиот празник Свети Сава. Настанот ја истакна добрата соработка, заемното почитување и пријателските односи што со години ги поврзуваат македонскиот и српскиот народ.

Традиционалната Свечена Светосавска академија е потврда на поддршката на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во македонското општество од една страна и потврда на слободата и правата што српската заедница ги ужива во Македонија, што воедно е и патоказ и показ на одличните билатерални односи.

Со достоинство, духовност и силна порака за заедништво и во Битола беше одбележан верскиот и српски национален празник „Свети Сава“, во организација на Заедницата на Срби. Настанот измина во свечена и топла атмосфера, потврдувајќи дека традицијата, верата и соживотот се вредности што ги обединуваат граѓаните.

Светосавската српска традиција на кршење на светосавскиот колач, духовен и културен обичај на Србите во било кој дел од светот е поврзан со одбележувањето на Св. Сава – првиот српски архиепископ, просветител и заштитник на образованието и духовноста. Три децении Заедницата на Срби на овој ден го одбележува овој свој културен и идентитетски столб.













