ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТОТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ТЕАТАРОТ

По повод Светскиот ден на театарот и театарските работници,27-ми март, секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот (ИТИ), што УНЕСКО го формирал во 1948 година. Таа се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред почетокот на претставите во театрите низ светот. Автор на светската порака оваа година е  египетската актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е  актерката Теута Ајдини-Јегени.

Теута Ајдини-Јегени е родена во Скопје, на 20 април 1963 година. Дипломирала актерска игра на Факутетот за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1986 година. Играла во триесетина театарски претстави (во матичниот театар во Скопје, во националниот театар во Косово и во независни продукции), како и во десетина играни филмови и телевизиски филмови и серии. Таа е актерка – првенка во НУ Албански театар, Скопје.

Актерката Теута вели:

„Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика…  со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче…  но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници…  Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници…  луѓе од крв и месо.

Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои.

И, се разбира: повелете во театар“.

Самиха Ајуб е родена во Египет, во Шубра, во близина на Каиро. Своите студии ги заврши на Високиот институт за драмски уметности во 1953 година, каде што студирала под менторство на
драмскиот автор Заки Тулајмат. Нејзините сценски настапи во кариерата се сведуваат на
приближно 170 театарски претстави, вклучувајќи ги и поставките на Raba’a Al-Adawiya,
Sekkat Al-Salamah, Blood on the Curtains of the Kaaba (Крв на завесите во Кааба), Agha
Memnon (Агамемнон), The Caucasian Chalk Circle (Кавкаскиот круг со креда). Иако
театарската работа доминира во нејзината кариера, таа зад себе има и многу филмски и ТВ
улоги. 

Порака на Самиха Ајуб: 

,Денес вам ви се обраќам, но не само за да се каже нешто или да се прослави таткото на сите уметности, „театарот’’, на неговиот ден. Туку повеќе од се’ сакам да ве поканам да застанеме заедно, сите ние, рака за рака, рамо до рамо, да вреснеме од длабочината на нашите гласови, онака како што сме навикнати на сцената тоа да го правиме, и да овозможиме зборовите да излезат будејќи ја совеста на целиот свет, барајќи ја во себе изгубената човечка суштина. Барајќи слободен,толерантен, сакан, емпатичен, нежен и достапен човек. И да си дозволиме да не напушти ова непријатно опкружување на бруталноста, расизмот, крвавите пресметки, едноумието и екстремизмот. Човекот чекорел на земјава, под сонцево, со илјадници години, и ќе продолжи да чекори понатаму.  Затоа зграпчи му ги стапалата од вртлогот на војната и крвавите конфликти, предложи му да ги напушти, пред вратите на сцената. Можеби нашата хуманост, која стана засенчена и заглавена во сомнежи, повторно категорично ќе зацврсти, хуманост со која сме квалификувани да бидеме горди што сме луѓе и дека сите сме браќа и сестри во просторот на хуманоста.    

Нашата мисија е, нам драматичарите, носителите на факелот на светлината, од првата појава на првиот актер на сцената, да бидеме фронтално конфронтирани кон се’ што е грдо, крваво, и нечовечно. Се конфронтираме со се’ што е убаво, чисто и хумано. Ние и никој друг, ја имаме способноста да го афирмираме животот. Затоа да го шириме животот заедно за доброто на светот и човечноста”.