ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВЕЛОСИПЕДИ

Светскиот ден на велосипеди светот го одбележува на 3 јуни. Во трката по сообраќајниците, според многумина велосипедот е најбрзото превозно средство за копнен сообраќај во моментов. Според здравствените работници – возењето со велосипед е најздравата физичка активност што може човекот да ја има.

 

Дали е дрвен или од најскапиот, дали е со едно големо или две исти тркала, велосипедот во својата историја се покажал како корисно транспортно средство на човекот. А од 2018 година ООН на генерално собрание го прогласи 3 јуни за ден на велосипедите – ден на кој се промовира употребата на велосипедот.

Многу поволности бележат поклониците на градови без загадување, градови без автомобили , градови со велосипеди – или точаци, како би кажале битолчани.

И тоа според битолската практика – најпрвин со велосипед можеш да возиш и по цел Широк Сокак иако е дозволено само до половина. Додека автомобилите и моторциклите чадат на семафор – велосипедистот глуми пешак, па минува на велоспед и го забрзува времето на пристигнување до својата дестинација. Ако си на велосипед – пешаците ти се плашат, ем си побрз од нив, ем и повисок. Не ти треба паркинг, се провираш низ паркираните возила и цинично им се смешкаш на нервозните возачи кои таман нашле паркинг место – треба да вчадат уште повеќе додека го пропуштаат твојот велосипед што инстантно сакаат да го видат на својата хауба, сосе велосипедистот, нормално.

Во Битола, интензивно се работи на велоспедски патеки според проектите на Општината, па пак велосипедите се во предност. А во текот на последните години се доделуваат и субвенции за набавување на велоспед.

Светскиот пристап кон корисноста на велосипедите вели – користењето на велоспиед значи нула загаденост – и користи на животната средина, заштеда на пари што би се потрошиле на гориво доколку се користи автомобил, и , низа здравствени придобивки – добро е за срцето  и  го намалува ризикот од  низа  кардиоваскуларни заболувања, умерената активност на нозете е добра и за зглобовите сосе мускули – ги затегнува и изградува, помага во менталното здравје – секако кога се вози за рекреација..

…И на улиците е на многу земји во транзиција кадешто нема

Големи возила кои се туркаат преку тебе, нервозни возачи кои не го почитуваат велосипедот сосе возач и го сметаат за пречка на патот што треба да се истисне настрана, кога нема временски непогоди – дожд како од чешма и ветер како од ветерница или пак отворена врата од возило што се испречува на патот.  Велосипедистите се често жртви на невнимателен однос на возачите на автомобили, се нема однос како рамноправни учесници во сообраќајот, а 3 јуни се користи како ден за подигнување на свеста за важноста и придобивките од возењето велосипед и, едукација…

На пример дека  „Растојанијата од минимум 1 m за ограничување на брзина до 60 km/h и 1.5m над 60 km/h се растојанија кои возачите во многу држави препорачано или задолжително треба да ги почитуваат како безбедносни растојанија“.