ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ СО ПОВИК ЗА ВОЕНА ВОЗДРЖАНОСТ ОКОЛУ ЗАПОРОЖЈЕ

Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон повикаа на воена воздржаност поради нуклеарната централа Запорожје во Украина, окупирана од Москва, повторувајќи ја својата поддршка за Киев.

Во телефонски разговор, четворицата лидери повикаа и на „брза посета“ на нуклеарната локација од страна на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија, соопшти Белата куќа.

Нуклеарната централа Запорожје беше заземена од Русија во март, набргу откако таа ја нападна Украина на 24 февруари.

Оваа електрана, најголемата во Европа, постојано беше цел на напади во последните недели, што предизвика страв од нуклеарна катастрофа.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на електраната.