ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКИ ДЕН НА ХРАНА – ПРАВО НА ХРАНА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ И ПОДОБРА ИДНИНА

На 16 oктомври се одбележува светскиот ден на храна.  На 17- светскиот ден за борба против сиромаштијата. Ова се денови кога се зборува за гладните во светот. Според сознанијата на ООН, 733 милиони луѓе во овој момент се соочуваат со глад во светот.

Сите ние сме уверени во нашата хуманитарна природа, особено ако од време на време поѕвонуваме на посебните телефони за помош некому. Денеска е светскиот ден на храна.

Дали фрлате храна? Ова беше прашањето што го поставивме на неколку посетители на чаршијата.

Одговорија дека не фрлаат и / или дека вишокот им го даваат на своите миленичиња. Две госпоѓи не потсетија дека за време на верските празници на двете доминантни религии во градот се дарува храна и, дека секогаш некој од време на време прави некакви акции.

 

Лаекенските податоци, што подразбира европските индикатори за сиромаштија и социјална исклученост,  за 2021 година- годината на пописот, Државниот завод за статистика ги објави годинава.  И според нив,  во 2021 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесувала 23.0 %. Сиромашни биле и вработени лица – во 2021 процентот изнесувал скоро 9% од вработеното население, а сиромашни биле и пензионерите – нешто над 8% од вкупниот број. Просечното македонско семејство кое брои двајца возрасни со две издржувани деца е застапено во листата сиромашни со  26,4% од вкупното македонско население кое во 2021 беше изброено до  1. 836, 713 жители. 23% од нив значи 420,080 и половина сиромашни. Државна статистика во 2023 година пребројала  1.826, 247 жители,  од нив во вториот квартал од 2024 година вработени биле 691,736 лица. Просечната нето плата во јули годинава била 40.961 денари, а потрошувачката кошнишка во септември, според пресметката на Синдикатот, 61 306,00 денари. Статистикава која не е од една година и целосна дава одредена слика за навиките на барем 420 илјади жители – се хранат еднаш во денот, обично неквалитетно.

 

Некои нашето анкетно прашање ги шокира. Како нашиот иселеник во Австралија кој ни кажа дека таму  функционираат банки на храна.

Драги од Могила пак е земјоделски производител. И ја претставува другата страна на проблемот. Страната на производителите што се појавуваат на пазарот на мало и секогаш имаат проблем со вишокот храна, дека нема кој да го подигне од кај нив.

Сите наши соговорници начнаа дел од комплексниот проблем за организирано и веродостојно донирање на храна, кога и низ македонските маркети нема посебни корпи за одлагање на купени производи кои би отишле во донација.  Брзото интернет пребарување открива дека само една организација во Македонија е регистрирана како Банка за храна. Душко Христов е нејзин претседател.

„Пробуваме во општеството еве веќе 10-15 години да направиме , односно предлагаме , систем со којшто сите вишоци на храна може да завршат во рацете на оние на коишто им треба.Системот е многу лесен, но многу тежок за имплементација. Секој вишок што ќе се појави од било кој оператор со храна , да на транспарентен и отчетен начин стигне до корисникот. Вишокот храна ако се стави во рамка на закони и во систем е многу полесен, бидејќи секој граѓанин, секое семејство преку  центар ќе може да знае, ќе добие свој код, своја шифра, че знае во кој момент колку ќе добие храна бидејќи секогаш ќе се појавуваат вишоци храна , но денеска можеби има донација, утре можеби не. На тој нашин создавајќи систем и ставајќи закон за вишок на храна во систем нема да има потреба од Банки за храна,  „големи“ хуманисти и хуманитарци. Тогаш социјалната компомонента на поединецот ако е загрозена, ќе има допир до самите количини на храна коишто ќе бидат понудени како предмет на донација.“

Фото: Храната е основно човеково право / ООН

Храната е третата најосновна човечка потреба по воздухот и водата. Над 2,8 милијарди луѓе во светот не можат да си дозволат здрава исхрана, велни најновиот извештај на ООН, а 733 милиони луѓе, додека го слушаме/ читаме  податокот, се соочуваат со глад и тоа е бројка која расте. Светска банка пак го призна поразот во битката против сиромаштијата, којашто директно е поврзана со лошата исхрана и гладот.

Според земјоделско пазарниот информативен систем,  просечна цена на бананите на сите пазари во Македонија на мало е 74.91 денари, на белото грозје 80,91 денар а на црното грозје 79,10 денари. Просечната цена на јаболкото по сорта се движи од 39 денари до 45 денари.  И други производи погодни за донирање се до 100 денари, колку еден телефонски повик на хуманитарните линии.