ТЕРА

REKLAMA???

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕТИ НА ПОЕЗИЈАТА

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата г. Никола Кукунеш.

Според директорот на Струшките вечери на поезијата, јазикот опстојува само доколку секојдневно го живееме, создаваме литература или ја преведуваме, го исполнуваме дигиталниот простор со него, да не остане празно ехо од минатото, туку да пулсира како жив глас во иднината.

На јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата, кои годинава се одржуваат под мотото „Каде што живее поезијата“ учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство. Покрај добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, учествуваат и еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Мексико, Шпанија, Кина, Италија, Монголија…