ТЕРА

REKLAMA???

СВР БИТОЛА: ТРОЈЦАТА ПАТНИЦИ ПОЧИНАЛЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО

Полицијата соопшти дека денеска во 07:51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво”со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола .

Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп .

Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп .

Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци, стои во соопштението од СВР Битола.