ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ БАРА ОДГОВОРИ ЗА ПРОТИВПОЖАРНИТЕ АПАРАТИ И ХИДРАНТИТЕ

Битолската СДСМ преку прес конференција со неколку прашања до Општината, односно градоначалникот Тони Коњановски.

„Колку на број противпожарни апарати и хидранти имало во битолските градинки и училишта до 20ти март годинава, а колку после овоj датум?

Колку од тие ПП апарати и хидранти се функционални, а колку надвор од употреба?

Колку ПП апарати во битолските градинки и училишта биле сервисирани барем еднаш годишно како што налага законот?

Во колку хидранти фалат црева за гаснење пожар, во колку нема притисок, во колку училишта и градинки во Битола нема воопшто хидранти?

Ова се прашања на кои преку формулари за пристап до информации од јавен карактер бараме одговор од градоначалникот Тони Коњановски.

Откако Коњановски е градоначалник на Општина Битола, распишани се вкупно 4 јавни набавки за полнење и сервисирање на ПП апарати во објектите под ингеренции на Општина Битола, училиштата и ТППЕ во вкупна вредност од 600.000 денари. Затоа, дополнително бараме записници од извршените контроли и сервисирања на противпожарните апарати изминатите три години.

Ако се работело според закон и апаратите и хидрантите биле сервисирани најмалку еднаш годишно, нема потреба од паниката која деновиве го има фатено Коњановски и неговите најблиски соработници. Апелираме за темелно и законско решение на проблемот со противпожарната заштита во битолските училишта и градинки, за што стоиме на располагање и во Советот на Општина Битола за било какви дополнителни финансиски средства“ рече Весна Баковска, од битолската СДСМ.