ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Советникот и координатор на СДСМ, Петар Николовски денеска преку прес конференција рече дека разрешени се управни и надзорни одбори и дека бараме одговорност веднаш и разрешување на директорите од страна на градоначалникот.

„На вчерашната седница на Советот на Општина Битола, по иницијатива на Советничката група на СДСМ, беа разрешени управните и надзорни одбори на јавните претпријатија кои имаат долгови од над 2,5 милиони евра. Овој чекор е прв во процесот на воспоставување отчетност и дисциплина во работењето со јавните средства.

Сега, одговорноста е целосно кај градоначалникот Тони Коњановски и тој мора веднаш:

  • Да ги разреши директорите кои ги довеле претпријатијата во финансиски колапс,
  • Да побара и овозможи целосна ревизија на работењето на овие претпријатија и
  • Да ја информира јавноста за сите чекори што ќе ги преземе во насока на финансиска консолидација во преостанатиот период од мандатот.

Оваа локална самоуправа нема повеќе кредибилитет и не смее да ги штити своите партиски војници што натрупаа долгови на грбот на граѓаните. Парите на битолчани не се ничија приватна или партиска сопственост.

Советничката група на СДСМ останува посветена на борбата за одговорност, транспарентност и ефикасно управување со јавните ресурси. Нема да дозволиме оваа власт тивко да си замине без да даде отчет за штетите што ги направи“ вели Николовски.