ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ: ЗГОЛЕМЕНОТО МНОЗИНСТВО, НОВ ПОРАЗ НА МИЦКОСКИ

Синоќа откако Собранието со 65 гласа „за“ ги избра новите министри во Владата, од владеачката СДСМ рекоа дека нов дебакл доживеа заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски.

„Паднаа во вода сите негови лаги за ново парламентарно мнозинство, за распуштање на Собранието кон крајот на месец февруари и предвремени парламентарни избори во мај.

Синоќа, на 27-ми февруари, новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници „За“ и без ниту еден глас против, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.

10 дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преку долги и бесмислени дебати, каде зборуваа за се освен за она што е тема, се обидуваа да го пролонгираат изборот на новите министри.

10 дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа изборот на министри и со тоа ја опструираа работата на одредени министерства, на штета на граѓаните, за на крајот, како и многу пати досега, кога дојде време за гласање тие не смогнаа сили ниту да гласаат против предлозите кои толку многу ги критикуваа.

Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги дека Собранието само што не се распуштило“ стои во партиското соопштение на СДСМ.