ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ: КОЊАНОВСКИ НЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА

И по три и пол години власт и потрошени над 100 милиони евра пари на граѓаните, градоначалникот Тони Коњановски не најде решение за бездомните кучиња во Битола, беше речено на прес конференцијата во СДСМ

„До кога Општина Битола ќе се соочува со овој проблем? До кога со страв ќе ги праќаме нашите деца на училиште, на спортски тренинзи и други активности, и ќе бидеме сигурни дека нема да бидат нападнати од улични кучиња? Кога конечно граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, во раните утрински часови кога одат на работа или пешачат?

Од општинската каса на Битола се одлеваат илјадници евра по тужби од граѓани кои биле нападнати од улични кучиња.

Само од 2022 до 2023 година, Општина Битола исплатила отштета од околу 103.000 евра (или приближно 6.500.000 денари).

Колку финансиски средства има исплатено Општина Битола на граѓани во вонсудска постапка, а колку преку судски спорови во 2024 година како надомест за штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња?

Колку вкупно граѓани се повредени од улични кучиња во периодот од 01.01.2022 до 01.04.2025 година?

За овие податоци поднесовме барање за пристап до информации од јавен карактер во Општина Битола. Без разлика на одговорот, повеќе од јасно е дека кај Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ нема волја за решавање на проблемот. Решението бара заеднички напори од институциите и организациите за заштита на животните и граѓаните. Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет за соработка со било кого за решавање на било кое прашање!

Проблемот со бездомните кучиња ќе го решава нов градоначалник и новата локална власт во Битола“ рече Тања Николоска на прес конференцијата во СДСМ.