ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ: РЕД ДУПКИ, РЕД КРПЕНКИ, ВАКА ИЗГЛЕДААТ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ

Ред дупки, ред крпенки. Така некако изгледаат битолските улици деновиве. А, Коњановски и ВМРО ДПМНЕ се јавуваат како автори на хаосот кој Битола ја претвори од најградски град во најкалливо село, рече на денешната прес конференција Анета Сердарова, портпаролка на битолската СДСМ.

„Впрочем и нема потреба многу да ви објаснуваме каков ни е градот моментално. Гледате. Ни пешки се оди, ни со автомобил. Со точак па, никако.

Денес улицата – затворена, утре – не е, задутре – пак е. Да возиш е како да играш лото.

Нема потреба по стоти пат да појаснуваме дека е хаос. На сите веќе се ни е јасно.

Но, има потреба, во име на сите, да бараме одговорност од тие што изгледа се во зисмски сон.

Добро, видовме, градежници нема, но има ли полиција? Инспекција? Контрола? Надзор? Работи ли нешто Нискоградба?

Имаме ли ние градоначалник?

Градоначалниче, еве вака јавно да ве прашаме: Не ви пречи калта? Дупките? Копот?

Како одите на работа? Со авион, па не гледате?

Ако немате одговор, место местен список за субвенции за ПВЦ, предлагаме да субвенционирате гумени чизми. И тоа за сите“ вели Сердарова.