Советникот и координатор на СДСМ, Петар Николовски и пред седницата кажа дека нема да ја гласаат завршната сметка. Така и беше на гласањето на оваа точка.
„Бидејќи сметаме дека Тони Коњановски постојано се служи со фингирани бројки, тоа го зборував и на претходни седници кога имавме ребаланси на буџетот, измена на развојните програми и мислиме дека во овие четири години Тони Коњановски се понаша како да има мандат од осум години, а не од четири, како оваа година да е последна и завршна и многу од ветените проекти требаше веќе граѓаните да ги видат со очи. Да бројќите зборуваат како да се високи, велат дека имаат огромен проецент на реализација, но во пракса граѓаните не ја гледаат Битола како поубава, како почиста и многу е апсурно што програмите кои што се наменети за чистотата во нашииот град имаат реализација од 100 проценти, но ве повикувам и вас медиумите и граѓаните да излезиме на теран да видиме дали Битола е навистина поубава, посредена, поорганизирана, дали имаме реализирани капитални проекти“ рече советникот од СДСМ, Петар Николовски.
Тој исто така вели како да гласаат кога општината е финансиски уништена, има долг по доспеани и неплатени фактури од 50 милиони денари. Исто така прашува каде исчезнале над 100 милиони евра и што е направено со тие пари.
„4 години неспособност и уништување на Битола. Време е за одговорност“ вели Николовски.












