ТЕРА

REKLAMA???

СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСТРЕЛА ДВЕ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ

Северна Кореја на 18 декември истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, објавија Јужна Кореја и Јапонија.

Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја објави дека двете ракети со среден дострел прелетале околу 500 километри.

Јапонскиот заменик-министер за одбрана Тоширо Ино рече дека се чини оти проектилите паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија и дека нема извештаи за штета.

„Севернокорејските балистички ракети беа лансирани под стрмни агли и паднаа во Источното Море. Разузнавачките служби на Јужна Кореја и САД вршат детална анализа земајќи ги предвид неодамнешните трендови во развојот на ракетите на Северна Кореја“, се вели во соопштението.