ТЕРА

REKLAMA???

СЕКУЛОВСКИ ПРОЗИВАШЕ, ПЕЛИСТЕР ПОЧНА СО ПЕТ НОВАЈЛИИ

Денес во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ започнаа подготовките на фудбалерите на Пелистер за престојната сезона во која битолскиот клуб ќе се натпреварува во Втората лига.

Првата прозивка ја одржапредводникот на тимот Марјан Секуловски, а на истата се појавија сите фудбалери на кои ќе смета следната сезона. Пред фудбалерите се обратил и спортскиот директор на клубот, Ванчо Мицевски.

Нови имиња се Петровски, Миленковски, Грозданоски, Бурхан Мустафов и Благоја Љамчевски. Приоритет е да се доведат најмалку два напаѓачи, бидејќи во таа фаза битолчани имаат најмногу проблеми. Голема придобивка е продолжувањето на договорите со Маневски, Драгарски, Трајковски, Трајчевски…

Од ростерот од минатата сезона од Битола заминаа: Андреј Ричков (Силекс), Филип Бошковски (Работнички), Едвард Али, Христијан Вецески, Алпај Јусуф, Антонио Глори, Принц Ампонсах, Удома Чукумва, Јакуш Бериша (Кукс).