ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ИСТРАЖУВААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА СО СРПСКИОТ АВТОБУС

Портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Шиика Милева, за МИА во Софија изјави дека возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот Тракија е задржан 24 часа според законот на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Ќе му биде наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата. Таа додала и дека во Стара Загора работи тимот на бугарски истражители и дека допрва следуваат распитите на очигледните учесници во несреќата.

Милева не можеше да коментира кога децата од Србија ќе можат да ја напуштат Бугарија, бидејќи со закон распитот на малолетните деца се врши по одредена процедура и во присуство на нивните роднини или родители.

Најверојатната верзија за несреќата на српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, поради што српскиот автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов.

Две од децата повредени во синоќешната несреќа со српски автобус на автопатот Тракија во Бугарија, утрово ќе бидат пренесени во болницата во Пирогов во Софија.

Универзитетската болница во Стара Загора, Бугарија, синоќа прими 17 деца повредени во несреќата. Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија и се превртел во ендек при што нема загинати.